Штипјанецот Сашко Мицевски е новиот в.д. директор на Агенцијата за филм

Штипјанецот Сашко Мицевски е новиот в.д. директор на Агенцијата за филм. Владата на Република Македонија го именуваше Мицевски, признат филмски монтажер и дизајнер на звук, за в.д. директор на Агенцијата за филм, заменувајќи ја на таа позиција Вероника Бучковска. Мицевски, кој е активен и во продукцијата и постпродукцијата, ќе ги преземе управувачките функции во време кога македонската кинематографија се соочува со нови предизвици и можности. Мицевски е познат и по својата активност во обновата на инфраструктурата на македонската филмска индустрија. Во 2020 година, со сопствени средства го реновираше тонското студио на Филмскиот центар „Вардар филм“, а во истата година стана член на Филмскиот совет при Агенцијата за филм.

Во својата нова улога, Сашко Мицевски најавува ревитализација на филмската продукција и развој на нови модели на финансирање, како и уште поголема поддршка за младите таленти. Според него, филмската индустрија во Македонија мора да се адаптира на современите трендови, што подразбира инвестирање во нови технологии и пристапи кон публиката.

Иван Митев, М-Нет