Намалени цени, полни тезги и гужва – денешната слика на пазарот во Штип

Намалени цени, полни тезги и гужва – ваква беше сликата од утринава на пазарот во Штип. Од рано наутро, граѓаните масовно излегоа во потрага по свеж зеленчук по пониски цени, а гужвите не стивнуваа со часови. Од зеленчукот најмногу барани доматити и краставиците, а од овошјето праските и бананите.

Дека побарувачката овој петок е задоволителна, согласни се и производителите. Велат дека цените постепно ќе се намалуваат и понатаму.

Инаку, овој петок се продаваше и лубеница по 40 денари за килограм, а започна да се продава и сливата, но истата држеше висока цена и тоа од 100 до 120 денари за килограм.

Иван Митев, М-Нет