„Северна“ оди во историја: Кошаркарската федерација на Македонија го враќа старото име!

ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија

Новото раководство на кошаркарската федерација на чело со претседателот Томе Главчев побараа размислување од членовите на Управниот одбор за промена на името на Федерацијата со што „северна“ ќе замине во историја.

Како што информираат на Управниот одбор било побарано размислување со кое името од Кошаркарска Федерација на Северна Македонија, да биде променето во Македонска кошаркарска федерација, или Национална кошаркарска Федерација.

Ваквиот предлог наидел на позитивни размислувања од страна на присутните членови кои едногласно се согласиле да се отпочне процедура за менување на името во Македонска кошаркарска федерација.

Александар Ванев, М-Нет