Фудбал: Дерби на прволигашкото дно во Кратово

Некогаш беше македонско дерби на две исклучително респектабилни екипи кои жареа и палеа ширум зелените терени овде кај нас па и пошироко во Европа. За жал денес екипите на Силекд и на Вардар се оставени сами на себе и не се ниту бледа сенка од некогашниот нивен сјај. Изгледот на табелата е жалосен со единствена констатација дека чекорот кон бездната наречена Втора лига е сосема извесен за една од овие две екипи. Останува да видиме кој ќе биде подобар во овој дуел во Кратово и кој ќе може барем за малку да ги одложи второлигашкиите закани. Еве ги комплетните двојки за ова 26 прволигашко коло:

  1. Работнички – Пелистер
  2. Борец – Струга Т Л
  3. Беласица – Какедонија ЃП
  4. А. Пандев – Шкупи
  5. Ренова – Шкендија
  6. Силекс – Вардар

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 11 април со почеток во 13.00 ч. освен средбата во Скопје која ќе се одигра денес.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk