
Шест пациненти од Истокот ја загубиле битката со Ковид 19 изминатот деноноќие. Во Клиничка болница Штип починале 4 лица, од кои двајца од Штип на 64 и 73 годишна возраст, еден пациент од Берово 74 години и еден пациент од Виница на возраст од 64 години. Двајца пациетни починале во Општата болница со проширена дејност во Кочани, од кои едниот пациент на 70 годишна возраст од Кочани и еден на 68 години од Виница. Во штипската клиничка болница има 19 слободни кревети и тоа 9 во модуларната болница и 10 на Инфективното одделение истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Во изминатото деноноќие хоспитализирани се 75 ковид пациенти 38 во модуларната болница и 47 на Инфективното одделение. Повеќе од половината од ковид пациентите се со потреба од кислородна поддршка. Во кочанската болница хоспитализирани се 26 пациенти од кои 20 се на кислородна поддршка, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна директорот на Општата болница Кочани, Александар Серафимов.
Затоа постојано се апелира за почитување на мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател. Од Министерството за здравство информираат дека досега во земјата се направени вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, бројката на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.
Лаура Стојанова М-Нет