
Некогаш беше македонско дерби на две исклучително респектабилни екипи кои жареа и палеа ширум зелените терени овде кај нас па и пошироко во Европа. За жал денес екипите на Силекд и на Вардар се оставени сами на себе и не се ниту бледа сенка од некогашниот нивен сјај. Изгледот на табелата е жалосен со единствена констатација дека чекорот кон бездната наречена Втора лига е сосема извесен за една од овие две екипи. Останува да видиме кој ќе биде подобар во овој дуел во Кратово и кој ќе може барем за малку да ги одложи второлигашкиите закани. Еве ги комплетните двојки за ова 26 прволигашко коло:
- Работнички – Пелистер
- Борец – Струга Т Л
- Беласица – Какедонија ЃП
- А. Пандев – Шкупи
- Ренова – Шкендија
- Силекс – Вардар
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 11 април со почеток во 13.00 ч. освен средбата во Скопје која ќе се одигра денес.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk