Третото второлигашко коло ќе се одигра во недела, Кит Го ќе гостува во Струмицa

Редовното трето првенствено коло во ВМФЛ – Исток наместо во сабота поради прогласената тридневна жалост ќе се одигра во недела. Неколку натпревари заслужуваат внимание на фудбалската јавност, но сепак ќе го издвоиме натпреварот во Струмица, Беласица – Кит Го. Поради дуплиот програм во Струмица овој натпревар ќе се одигра на стадионот „Младост “ а во истиот термин на својот нов терен ќе играат прволигашите Академија Пандев и Македонија ЃП. Веќе се одредени и официјалните лица за мечот Беласица – Кит Го, главен судија ќе биде Игор Иванов од Велес а ќе му помагаат Бранко Путилин и Александар Ајдаров, додека четврти судија ќе биде Здравко Костовски од Штип. За Контролор е делегиран Бранко Манојловски од Тетово а Делегат ќе биде Ристо Танев од Гевгелија.

Еве ги комплетните парови за ова трето коло:

  1. Осогово – Братство
  2. Локомотива – Слога
  3. Победа – Каменица Саса
  4. Детонит – Кожув
  5. Беласица – Кит Го

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 12 септември оваа година со почеток во 16.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk