
Од куќата на фудбалот – ФФМ пристигна информацијата за поместување на некои натпревари во рамките од првото или 1/16 финалето на македонскиот куп. Имено три натпревари поради прогласената тридневна жалост наместо на 15 ќе се одиграат на 22 септември. Тоа се натпреварите:
22.09.2021 г.
- Кит Го – Шкендија
- Велешта – Шкупи
- Њу Старс – Борец
Останатите средби ќе се одиграат во претходно одредениот термин:
15.09.2021г.
4. Воска Спорт – Брегалница
5. Детонит – Македонија ЃП
6. Победа – Вардар
7. Локомотива – Охрид Лихнидос
8. Гостивар – Ренова
9. Љуботен – Пелистер
10. Кораби – Беласица
11. Слога – Работнички
12. Новаци – Тиквеш
13. Каменица Саса – Струга ТЛ
14. Беса – Скопје
Екипите на Академија Пандев и на Силекс како минатогодишни финалисти директно се пласираат во 1/8 финалето, инаку во овој прв циклус ќе се игра само по еден натпревар без реванши.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk