Несоодветно паркирани возила ги затвораат влезовите во КБ Штип

Секојдневна и вообичаена е сликата на паркирани возила на секаде околу Клиничка болница Штип. И покрај тоа што е обезбеден паркиг пред капијата на болницата и има рампа која пропушта возила внатре сепак има и граѓани кои возилата ги оставаат онаму каде што ќе пронајдат малку слободен простор без разлика дали е на обележано место или пред влез. Таква беше сликата и утринава. Граѓани реагираа до нашата редакција посочувајќи дека со автомобилите се затвораат влезовите во болницата па тешко оди движењето и на пациентите и на посетителите. Кој треба да постави ред овде одговор побаравме од директорот на штипската болница, доктор Ален Георгијев. Тој вели дека има такви слуачи, но од нивна страна се реагира.

„Најчесто пред влез се паркираат граѓаните или пациентите кои имаат потреба да влезат во болницата. Со сигурност тврдам дека тоа не е никој од вработените. Има случаи не велам не, но ние реагираме. Има и лице поставено на рампата, но и тој човек не може да знае дали возачот ќе биде совесен и ќе паркира соодветно или ќе затвори некој влез. Конкретно за возилото од утринава ќе реагирам до надлежните и истото ќе биде отстрането од таму“ – додаде Георгијев.

Лаура Стојанова М-Нет