
Третолигашот БВК Коњаре за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север промовираше четири нови засилувања.
Станува збор за Сами Аљиљи, Бесим Мустафи, Алајдин Аљиљи и Куштрим Даути.
24-годишниот Сами Аљиљи доаѓа од редовите на второлигашот Башкими, Мустафи исто така има 24 години, а во редовите на БВК Коњаре доаѓа од шампионот Куманово, кој не успеа да ја совлада Победа во баражот и остана во Трета лига – Север. Мустафи е повратник во БВК Коњаре, откако претходно го носеше дресот на овој тим во период од 2021 до 2022 година, а има настапувано и за Башкими, Фортуна, Братство Влазними, екс второлигашот Гоблен Јуниор и Милано.
Алајдин Аљиљи има 22 години, а во БВК Коњаре доаѓа од второлигашот Башкими, претходно има настапувано за Врапчиште, Велазерими и Куманово.
Од Башкими во БВК Коњаре доаѓа и Даути, 22-годишен фудбалер кој во минатото играл и за БВК Коњаре и младинските категории на Струга.
Претходно, како што информираше телевизија М Нет БВК Коњаре ја продолжи соработката со неколку играчи и промовираше неколку засилувања. Минатата сезона екипата заврши на 5. место во Трета лига – Север, а во новата сезона ќе атакува на висок пласман и ќе се вмеша во трката за првото место и баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет