
Некогашниот второлигаш Росоман ги започна подготовките за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југ.
Вчера на теренот во Росоман со првиот тренинг беше означен стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезон 2024/2025.
Минатата сезона Росоман заврши на третото место на табелата со 40 бодови на своето конто, два помалку од второпласираниот Превалец и 11 помалку од шампионот и нов второлигаш Борец од Велес.
Росоман изминатата сезона го имаше најдобриот стрелец во своите редови. Слободан Дуков од Росоман беше најдобар стрелец изминатата сезона во Трета лига – Југ со 26 погодоци или десет повеќе од Јосиф Манасиев од Борец.
Инаку Росоман има настапувано во Втора лига – Исток во сезона 2020/2021 кога експресно испадна од лигата со девет бодови на своето конто.
Во новата сезона од Трета лига – Југ Росоман ќе биде еден од кандидатите за висок пласман односно за првото место и баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет