Страв кај пензионерите на стартот на ноември, тешко ќе заштедат до нова година

Страв кај пензионерите уште на стартот од месец ноември, пензијата се стиска во џеб, но големите трошоци не дозволуваат од истата да се штеди. Високите сметки, цени на производи и лекови, создаваат грижа како да се издржи до крајот на месецот. И покрај тоа што пензиите се покачени, сепак и овој месец ќе биде тешко да се тргне нешто на страна, иако следниот месец е нова година.

Пензионерите и понатаму се согласни, нема да остане можност за да се трнат пари за убави денови.

И додека од една страна трошоците се големи, сепак граѓаните велат дека пари се потребни, особено за да се купат пакетчиња за внуците следниот месец и достојно да се пречека новата година.

Иван Митев, М-Нет