
Страв кај пензионерите уште на стартот од месец ноември, пензијата се стиска во џеб, но големите трошоци не дозволуваат од истата да се штеди. Високите сметки, цени на производи и лекови, создаваат грижа како да се издржи до крајот на месецот. И покрај тоа што пензиите се покачени, сепак и овој месец ќе биде тешко да се тргне нешто на страна, иако следниот месец е нова година.
Пензионерите и понатаму се согласни, нема да остане можност за да се трнат пари за убави денови.
И додека од една страна трошоците се големи, сепак граѓаните велат дека пари се потребни, особено за да се купат пакетчиња за внуците следниот месец и достојно да се пречека новата година.
Иван Митев, М-Нет