
Бројот на новоинфицирани од ковид 19 се намалува, но не и бројот на починати пациенти. Во последното деноноќие во Клиничка болница Штип хоспитализирани се вкупно 60 пациенти од кои 31 во модуларната ковид болница и 29 на Инфективното одделение. Од нив 43 имаат потреба од кислородна поддршка. Слободни се 32 кревети, 8 во модуларната болница и 24 на Инфективно одделение без можност за кислородна поддршка, информираше потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Директорот пак на штипската болница, Ален Георгијев посочи дека се намалува и потрошувачката на кислород односо дека од 1 тон намален е на 600 700 литри дневно.
Меѓутоа, 4 лица по последните 24 часа не ја преживеале битката со ковид 19, 3 од Штип и едно лице од Радовиш. Во кочанската модуларна ковид болница регистрирани се 17 ковид пациенти, од кои 12 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 12 кревети, истакна директорот на болницата Александар Серафимов. Едно лице од Кочани на 82 годишна возраст ја изгубило битката со невидливиот непријател.
Според информации од Министерството за здравство, досега во земјата се направени вкупно 716.173 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројката на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а бројот на активни случаи изнесува 15.267.
Лаура Стојанова М-Нет