
Корона инфекцијата и проблемите како и последиците кои се јавуваат од истата доведуваат до сериозни ефекти како за лицето кое е заразено со Ковид 19 така и за лицата околу него. Самата инфекција освен што предизвикува проблеми со дишните патишта, белите дробови, во зависност од нејзниата тежина може да предизвика и други нарушување, најчесто проследнени кај потешките случаи и повозрасните пациенти. Не ретко истите тие ппациенти ги доведуваат во опасност и луѓето околу нив, здравствениот персонал, а воедно во ризик е и нивното сопствено здравје.
„Јавноста треба да знае дека битката со овој вирус не е само терапијата и лекувањето, ние имаме, сме имале, ќе имаме веројатно и понатаму сериозни здравствени проблеми и од друг тип кој што не се поврзани само со тешкотиите со дишењето и коагулацијата, бидејќи возраста, типот на овој вирус и хипоксијата мозочна кој ја имаат сите оние потешки случаи не ретко и не еднаш довеле до ситуација да имаме пациенти кои се исклучително вознемирени, агресивни. Сме имале случаи во кој што настрадувал и инвентарот на КБ Штип, па сме имале и неколку непријатни ситуации, физички контакти на нашиот медицински персонал, и се е било во склоп на болеста“ – истакна директорот на КБ Штип, Ален Георгијев.
Во склоп на ова се поврзува и случајот со 75 годишниот пациент од пробиштип кој во саботата побегна од модуларната ковид болница во Штип, а несреќно час време подоцна беше пробајден мртов. Директорот на болницата, Ален Георгијев посочи дека извештајот од Комисијата за квалитет го добил и го испратил до надлежните институции. Кога комплетно ќе биде завршена процедурата ќе се каже имало ли лекарски пропуст или не. Во меѓувреме модуларната ковид болница во Штип безбедна.
Болницата во Штип е обезбедена со двајца обезбедувачи кои се достапни цело време и кои може да реагираат доколу има потреба од нив, однсоно доколку се случи некој немил настан.
Лаура Стојанова М-Нет