Саса ја декласираше Речица, Тиверија Брера го доби дербито со Ас Јунајтед!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Првото коло од новата сезона во Првата женска фудбалска лига донесе многу погодоци, а најубедливата победа беше забележана во Македонска Каменица, откако Каменица Саса со 8:0 го декласираше тимот на Речица.

Ана Димитровска постигна хет-трик, Радица Велкова беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Елена Петровска, Ева Андонова, како и новото засилување Антонина Шопска.

Скопје со 4:0 убедливо го доби Истатов на стартот од новата сезона, а на овој меч двоен стрелец беше Елма Шемсовиќ, а по еден гол постигнаа Рабија Дервиши и Сара Евтинџиоска.

Актуелниот шампион Љуботен со триумф од 0:3 над повратникот Атлетико во Битола ја започна одбраната на титулата. Двоен стрелец беше Карина Мичел Бермудез, а еден гол постигна Настасја Накова.

Дербито во Струга го доби Тиверија Брера откако со 1:3 славеше над Ас Јунајтед. По само еден минута игра Розита Пецева постигна гол за 0:1, а во финишот на првиот дел искусната голгетерка Улза Максути израмни на 1:1 на полуврмее со гол од пенал.

Во вторито дел Максути поради втор жолт беше исклучена од игра, а тоа се рефлектираше врз самата игра, откако Викторија Недева во 65. минута погоди за 1:2 и ново водство на струмичкиот прволигаш, а Tчеури Харуми Гоја беше стрелец на голот за конечните 1:3.

Екипата на Топ Гол беше слободна, откако истата требаше да игра со Шкендија, која се откажа од натпреварување и нема да ја започне новата сезона во Првата женска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет