Беса до деби победа во Првата лига, Шкупи го совлада Вардар на Чаир, Брера поразена дома!

ФОТО: Александар Ванев | М Нет телевизија

Третата рунда од Првата македонска фудбалска лига ја донесе деби победата за Беса, која со минимални 1:0 славеше над освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш, а тимот на Александар Таневски до оваа победа дојде со голот на Адмир Љатифи.

Пелистер со голот на Мирко Ивановски дојде до победа од минимални 1:0 над Силекс, што за битолчани е првата победа како повратници во Првата лига.

Гостивар со 0:2 славеше над Воска Спорт во Охрид во меч каде стрелци беа Машике и Симоновски.

Шкупи ја доби скопската пресметка против Вардар со 3:0, со што новиот тренер на вардарци Горан Петрески тргна со пораз.

Гуџуфи во 33. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Ибиши и Еџ Хаџи Арфант постигнаа погодоци за конечни 3:0.

Прв пораз за шампионот Струга откако загуби од Работнички во Скопје со 2:0. Двата погодоци беа постигнати во првиот дел од мечот, откако Гандо погоди за 1:0, а Аломеровиќ за 2:0.

Нов пораз за Брера Струмица, откако Фитон Адеми со два погодоци ја сруши Брера под рефлектори на „Благој Истатов“ во Струмица, па така Шкендија впиша триумф и трите бодови заминаа во Тетово, а Брера впиша втор пораз, откако во претходно коло загуби од Силекс во Кратово со 4:0.

Во однос на табелата Шкендија е прва со седум бодови, а толку бодови имаат и Гостивар и Работнички. На 4. место е Струга со шест бодови, а по четири бодови имаат Шкупи кој е петти и Пелистер кој е место подолу.

На седмата позиција е Силекс со три бодови, а толку бодови имаат и Тиквеш, Беса, Брера и Вардар, со еден бод на дното е Воска Спорт.

Александар Ванев, М-Нет