
Припремата за повечерината на големиот христијански празник Голема Богородица е во тек. Православните христијани вечерва и во текот на утрешниот ден ќе имаат можност да ја посетат црквата со што ќе се послужат и со вкусно манастирско гравче, бидејќи треба да е посно. Во текот на утрешниот ден ќе се подготувува вкусна манастирска компир манџа.
„Сега се спремаме за празникот и повечерината на мајка Богородица, заслугата на мајка Богородица, така да и утре си го денот славиме. Ги покануваме сите верници да дојдат и да присуствуват, затоа што сега е посно е гравче, а утре ќе биде компир манџа и е посно.“ – изјави Костадинов
Празникот Голема Богородица е празник и прилика за сите жени мајки и баби да го посетат светото место и вода кај црквата во близина на населбата 8. Ноември. Сите жени кои имаат желба да си замислат и се верува дека ќе се оставри, но и да замијат со светата вода од изворот.
„Сите го знаат празникот на мајка Богородица, Голема Богородица или Успение на Пресвета мајка Богородица. Таа е мајка на сите затоа еве користам прилика сите жени, мајки и баби кои имаат желба да им се оставре, овде и е нејзиното место, нејната света вода, моментално сме во суша, но имаме вода со која сака верниците да се замијат, ние пред време ја полниме. Ги повикувам на вечерта, утре за ручек. Бидејќи е посно, нема курбан, ако се погоде мрсен ден ние тогаш колиме курбан. Помагаме сите, работиме за чест на Бога и Мајка Богородица. Празникот Успение на Пресвета мајка Богородица се вика затоа што таа заспива помеѓу вечерта на 27 и 28 веќе анѓелите со сите нејзини крилца ја заштитува и ја качуват горе во небесата за таа да седне до Исуса Христа и да моле, затоа што таа единствено се моле за нас грешните. Затоа сите сме грешни и да се помолиме на мајка богородица.“ – додава Здраавева
Виолета Здравева со годинина наназад на овој ден и утрешниот ден помага во црвата за здравје, па ги поканува сите верници да повелат со жеби за здравје, среќа и мир. Додава дека празникот Успение на Пресвета мајка Богородица е голем празник затоа што мајката богордоица заспива на 27 ввечерта, а веќе на 28 ангелиате со своите крила ја заштитуваат и ја качуваат во небесата за таа да седене до Исус и да се моли, единствено за нас грешниците.
Лаура Стојанова, М-Нет