
Реновирани студентски домови и подобри услови во образованието ќе добијат студентите, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната работна посета во Општина Штип. Се размислува и за покачување на студентскиот оброк за студентите вели Јаневска и додава дека со ова ќе се овозможи подобри услови за студентскиот живот и учењето.
„Што се однесува до студентскиот стандар, студентите не треба да имаат дилема дека министерството ќе биде постојан нивен партнер и подржувач, и да размислуваме за покачување на студентискиот оброк. Влеговме во проект на реновирање на студентските домови за тие да имаат подобри услови за живот и учење. Капацитетите се малку намалени ама се обидуваме тоа да го решиме со тоа што ќе ги пренасочиме дел од студентите кон употребливите ученички домови.“ – вели Јаневска.
Покрај студентите и средношколците ќе имаат подобрувања во образованието, а тоа се сведува на едносменска настава на повеќе училишта, а ќе се врши и доградба на училници според потребата на пријавените училишта, истака Јаневска
“Во однос на едносменската настава 124 училишта во Македонија се спремни за едносменска настава, а бројот се приближува на 142, расте секојдневно, но ние исто така превземаме напори во догледно брзо време одреден број од училиштата, некаде и со доградба на училници, според пријавувањата на училиштата колку им се потребни. Неколку штипски средни училишта веќе имаат услови за да почнат со едносменска настава, а ќе се направи напор тоа да биде и со основните училипта.”, додава Јаневска
Министерката Јаневска посака успешен почеток на годината како на основните и средните ученици, така и на студентите на Универзитетот Гоце Делчев и едногласно потврди дека таа со министерството ќе биде постојанен партнер на нив за да имаат соодветно образование.
Лаура Стојанова, М-нет