
Побарувачка има, но не и квалитет велат продавачите на денешниот пазар во Штип. Иако е шаренолик пазарот квалитетот е незадоволителен, не се задоволни ниту купувачите, а ниту и продавачите. Велат дека на вакви високи температури и на отворено поле секој плод ќе изгори. Со единствена надеж дека тоа што останало ќе се продаде на пазарот со помал квалитет, но и пониска цена.
„Денеска 60-70 е овде, а откупот е подобро. Береш прва, втора и трета 40 денари, само во кошници истурат, а овде не можеш да ја достигнеш таа цена. Имаме благ домат, лут, црвено, зелено. Домат и пипер. Не сме задоволни, ни ние, ниту пак купувачите. Прашуваат зошто се мали производите, а надвор 50 степени сонце и мора да биде мало. Секој втор ден вадиме и не може да постигнеме.
Побарувачка има, но квалитет нема и цение по 50 според квалитетот до 100. Купувачите не се задоволни, но што да правиме, таа е цената. Ептен тешко да, условите оваа година беа заникаде. Па на 100 степени нема никогаш да има квалите.“ – изјавиа продавачите
Купувачите како и секој пазарен ден така и овој децидни дека мора да се купи барем по нешто свежо од пазарот. Па најчесто како избор купуваат домат и пиперки, а се освежуваат и со овошје.
„Па што си купиме, домат, пиперки, не е многу скап пазарот, добро е. Сега за сега да, сега добро е. Јаболки, краставици, нормално цените како и секој петок. Па спрема квалитетот и цената колку е поквалитетно толку е поскапо. Што е поефтино е порасипано, постаро. Има роба овошје, зеленчук има доволно, меѓутоа цените се. Купуваме овошје и зеленчук.“ – изјавиа купувачите
Како што велат и анкетираните граѓани дека повисоките цени на одредени производи се поради поголемиот квалитет, а на останатите производи со понизок квалитет сметаат дека и цените се пониски.
Лаура Стојанова, М-Нет