Психо – физичко здравје и адаптација на телото, лекарите со совети за оние кои ќе скокаат по крстот

Неколкуминутно прилагодување пред да се влезе во студените води, полека влегување во водата односно приспособување на телото на температурата на водата се дел од препораките кои ги упатуваат лекари за оние кои утре ќе скокаат по крстот. Нормалната температура на телото е 37 степени, а температурата на водата е од четири до максимум десет степени. Ова преставува таканаречен шок за телото и затоа е потребна адаптација. Лекарите велат дека лицата кои ќе се фрлаат по крстот треба да бидат здрави, а претпорачливо е ова да го имаат веќе искусено односно да не им е првпат.

„Кога се работи за влегување во вода која има релативно ниска температура, оние кои се фрлаат по крстот треба да бидат психофизичко здрави. Тоа е број еден. Да немаат некои хронични заболување. Знаеме дека оние кои го прават тоа се претежно млади и здрави индивидуи. Се препорачува тоа да бидат луѓе кои претходно ја имаат таа пракса.“ – вели Ташков.

Препораки има и за периодот кога се излегува од ладната вода. Веднаш сушење на телото и топла облека се дел од препораките на лекарите со цел телото да не биде долго време изложено на ниски температури и да не се соочи со некои други компликации како на пример појава на хипотермија, забрзано дишење и слично.

„По излегувањето се препорачува веднаш сушење на телото и топла облека, така да природно нормализирање на температурата, бидејќи имаме еден друг момент кој е ризик, доколку телото е подолг временски период изложено на таа пониска темепратура. Се работи за можност за јавување на хипотермија и таа хипотермија си носи свои последици. Имаме и забрзување на дишењето, после скокањето во вода се препорачува брзо сушење на телото и топла облека.“ – додава Ташков.

Екипа на Итната медицинска помош константно секоја година е присутна на осветувањето на водите со цел да реагира доколку има потреба. Доктор Ташков вели праксата покажала дека немало некоја посериозна компликација кај некој од лицата кои скокаат по крстот. Ова се должи пред се на факотот што лѓето знаат како да се адаптираат пред да влезат во студените води по светиот крст.

Лаура Стојанова М-Нет