Расчистени 13 „кражби“ во Виница, лишени од слобода пет лица

Расчистени 13 дела „тешка кражба“ и „кражба“ во Виница, лишени од слобода пет лица на возраст од 18 до 32 години. Кражбите се извршени во периодот од крајот ан претходната до почетокот на оваа година. Се крадело од куќи и викенд куќи во Виница.

„По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница расчостени се вкупно 13 кривични дела, од кои шест кривични дела „тешка кражба“, три кривични дела „тешка кражба во обид“ и четири кривични дела „кражба“ извршени од куќи и викенд куќи на подрачјето во периодот од крајот на претходната година и почетокот на оваа година. Поради постоење основи на сомнение дека ги извршиле кривичните дела биле лишени од слобода пет лица на возраст од 18 до 32 години. При извршен претрес врз основа на судска основа во домот на осомничените биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од сторените кривични дела.“ – вели Панајотова.

Осомничените лица биле повикани во полициска станица Виница каде е извршен службен разговор со нив. Ги признале дела, а голем дел од украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани.

“Во службен разговор во полициска станица Виница осомничените ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле вратени на оштетените граѓани.“ – додава Панајотова.

Се работи на целосно комплетирање и документирање на кривично правните настани по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Лаура Стојанова М-Нет