
Денес беа одиграни пет натпревари од 6. коло на Првата лига.
Вардар ја забележа првата сезонска победа, откако во скопската пресметка со 2:1 славеше над Македонија ЃП откако Мицевски погоди од пенал за 1:0, а Омерагиќ погоди за 2:0 на полувреме.
Во финишот на вториот дел резервист Никола Величковски постигна гол за конечни 1:2.
Воска Спорт на СРЦ “Билјанини Извори” со 2:0 ја совлада Брегалница и на своето конто додаде нови три бодови.
Двоен стелец во триумфот за охриѓани беше Алекса Марушиќ.
Во големата мега дерби пресметка во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи конечниот исход беше поделба на бодовите со чисти мрежи (0:0), а реми без голови (0:0) имаше и меѓу Брера и Работнички во Струмица.
Силекс со играч помалку славеше над Гостивар со 1:2.
Новото засилување Гоба Закпа постигна автогол за позитивен резултат за гостинот од Кратово од 0:1. Пред крајот на првиот дел поцрвене Виктор Серафимовски со што до крајот Силекс беше со играч помалку.
Новото засилување Ангелче Тимовски во 67. минута израмни на 1:1, а Марјан Ристовски направи пресврт на конечни 1:2 со гол од пенал.
Колото го комплетираат Струга и Тиквеш в понеделник.