Прво сезонско славје за Вардар, Воска слави над Брегалница, реми на дербито во Тетово

Денес беа одиграни пет натпревари од 6. коло на Првата лига.

Вардар ја забележа првата сезонска победа, откако во скопската пресметка со 2:1 славеше над Македонија ЃП откако Мицевски погоди од пенал за 1:0, а Омерагиќ погоди за 2:0 на полувреме.

Во финишот на вториот дел резервист Никола Величковски постигна гол за конечни 1:2.

Воска Спорт на СРЦ “Билјанини Извори” со 2:0 ја совлада Брегалница и на своето конто додаде нови три бодови.

Двоен стелец во триумфот за охриѓани беше Алекса Марушиќ.

Во големата мега дерби пресметка во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи конечниот исход беше поделба на бодовите со чисти мрежи (0:0), а реми без голови (0:0) имаше и меѓу Брера и Работнички во Струмица.

Силекс со играч помалку славеше над Гостивар со 1:2.

Новото засилување Гоба Закпа постигна автогол за позитивен резултат за гостинот од Кратово од 0:1. Пред крајот на првиот дел поцрвене Виктор Серафимовски со што до крајот Силекс беше со играч помалку.

Новото засилување Ангелче Тимовски во 67. минута израмни на 1:1, а Марјан Ристовски направи пресврт на конечни 1:2 со гол од пенал.

Колото го комплетираат Струга и Тиквеш в понеделник.