
Локацијата на јамите на територијата на Општина Карбинци за закопување на угинатите свињи од приватна компанија заразени со Африканска чума, предизвика препирки помеѓу власта и опозицијата во Општина Карбинци. Соопштението на СДСМ Карбинци ви го пренесуваме во целост:
“Виктор Паунов заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ болеста Африканска чума ќе ја разнесуваат по цела општина Карбинци, а можеби и пошироко. Советот на Општина Карбинци на предлог на градоначалникот Виктор Паунов на синоќешната вонредна седница донесоа Одлука со поддршка на советниците од вмро-дпмне , сите свињи угинати од болеста Африканска чума да се одлагат на локација во атарот на с.Горно Трогерци на КП.473. За да се пристапи до ова локација која е оддалечена 10-тина километри од свињарската фарма треба да се помине покрај куќите и имотите на жителите на неколку населени места со што се доведува во ризик и опасност целото ова население и стока која се одгледува во атарот на овие населени места.Одлуката кога се носела не било земено во предвид дека патниот правец од с.Таринци до Долни Балван е затворен за сообраќај, со што се наметнува прашање дали овие угинати животни ке се транспортираат преку општина Штип или можеби друга единствена врска е општина Чешиново-Облешево каде исто така треба да се помине низ неколку населени места. Неспособната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овие постапки директно ги загрозува животите и имотот на жителите на Општина Карбинци.”
На ова градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов одговори со писмено соопштение до М Нет телевизија:
“Неспособна е АХВ и сдсм затоа што се доведе до истребување најголемата фарма во државата. Советниците на сдсм не учествуваа во давањето на предлог локации и одлучување за разрешување на овој голем проблем кој настана поради не совесно однесување на АХВ. Крајната одлука ја донесуваат државните институции, а со тоа донесуваат штета кон населените места во селата Таринци и Нов Караорман како и целата индустриска зона.”