Пет екипи во борба за опстанок во Втора лига, тесно во трката за Прва лига

Овој викенд следува репрезентативна пауза па екипите како во Втората, така и во Првата лига истата ќе ја искористат и за одомр но и за подготовки во борбата за остварување на своите цели.

Дури пет екипи ќе се борат за директен опстанок во Втората лига, односно Саса, Караорман, Осогово, Победа и Тетекс, но не се многу сигурни ниту Новаци и Кожуф кои немат триумф во пролетниот дел.

После репрезентативната пауза следуваат важни натпревари од дното на табелата односно на екипите кои ќе се борат за опстанок. Дерби во Кочани на Осогово и Новаци, но дерби и во Прилеп на Победа и Саса.

Дерби за опстанок ќе има и во Тетово меѓу Тетекс и Кожуф, а Караорман ќе има најтешка задача против лидерот Беса на гостински терен.

Беса е лидер со 54 бодови на своето конто, Пелистер е втор со 48 бодови, а пак на третото место е Детонит Плачковица со 45 бодови, овие екипи ќе се борат за првите две места кои водат директно во Прва лига на девет кола до крајот. На 4. место е Арсими кои има реални шанси да го напаѓа третото место односно местото кое видо во бараж зоната.

Скопје е на 5. место со 34 бодови, Охрид е шести со 33 бодови, Башкими е седми со 31 бод, а пак Вардар од неготино е осми со 28 бодови. Беласица е на деветтото место со 27 бодови.

Кожуф е на десеттот оместо со 24 бодови, колку што има и Новаци кој е место подолу. На 12. место е Тетекс со 20 бодови, Победа е на 13-тото место со 19 бодови и овие екипи на последните пет натпревари немаат триумф.

Во бараж зоната односно на 14. место е Осогово со 17 бодови, Караорман е претпоследен со 15 бодови, а на дното е Каменица Саса со 14 бодови.

Колку за потсетување последните две екипи на второлигашкат табела директно испаѓаат во Трета лига, а пак 14-то пласирана екипа игра бараж за опстанок со шампионите од петте третолигашки региони.

Александар Ванев, М-Нет