Бутел го изненади Осогово, Овче Поле со голема победа над Кеги Моби среде Велес

15 коло во Првата футсал лига на Македонија приреди изнендување откако „фенерџијата“ Овче Поле среде Велес со 3:6 го доби дуелот со Кеги Моби во тешката борба за опстанок на три кола до крајот од првенството.

Железарец на домашен терен загуби од второпласираниот Шкупи со 0:2, а пак Бутел направи изненадување против Осогово откако триумфираше со 7:5 на домашен терен.

Мечот меѓу лидерот Форца и Карадаку не го дочека својот крај, откако истиот беше прекинат при водство на домашниот тим од 7:0, а истиот беше прекинат во 6. минута поради тоа што гостинската екипа поради повреда на играчи остана со недоволен број на играчи за продолжување на натпреварот. Овој меч ќе биде регистриран како службен триумф за домашниот тим.

Форца има 15 од 15 и на три кола до крајот стана шампион на Македонија во Првата футсал лига.

Претходно, колото беше отворено во четвртокот со градското дерби во Кавадарци каде Клими со 3:1 славеше над Црна река.

Александар Ванев, М-Нет