Голема победа за Текстилец во Велес над Борец

Ракометарите на штипските Текстилец забележаа голема победа во рамки на 3. коло од прволигашкиот плеј-аут над Борец во Велес со резултат од 33:39.

Сосема беше очекувана победа за штипските ракометари кои ја имаа улогата на фаворити за трите бодови.

Натпреварот тргна со неизвесност и постојано менување на резултатот кој на полувреме беше 17:18 за гостинот од Штип. Во вториот дел Текстилец заигра подобро и започна да прави разлика која стигна до плус 4 при 21:25, а потоа истата истата порасна и на плус седум при 30:37, за на крај конечниот исход беше 33:39.

За Борец најдобар беше Јован Атанасовски, кој воедно беше и најдобар на самата средба со 15 гола, а пак кај Текстилец најмногу се истакна Александар Јовановски со 11 гола.

Во следното коло Текстилец ќе игра дерби со лидерот Астраион од Струмица на домашен терен.

Во однос на табелата лидер е Астраион со максимални 9 бодови, а толку има и Овче Поле кој е втор. Текстилец е трет со осум бодови, на 4. место е Партизан со пет бодови. На делба на петтото место се Преспа Вардар и Кичево со по четири бодови, а на последното седмо место е Борец без ниту еден освоен бод.

Александар Ванев, М-Нет