
Локалните избори ги одложија натпревари и во Третата македонска фудбалска лига во сите пет региони, односно Југозапад, Запад, Југ, Север и Исток, што значи дека третолигашите ќе одмараат поради одржување на првиот круг од локалните избори кој е закажан веќе за утре, недела.
Колата ќе бидат поместени за следиот викенд или во вонреден термин во зависност од регионот, а тоа ќе значи дека дел од екипите кои имаат високи амбиции односно влез во Втора лига ќе имаат простор за мини подготовки пред продолжението со натпреварите.
Директен влез од Трета во Втора лига нема, туку шампионите во петте региони на Трета лига играат бараж и доколку истиот го добија обезбедуваат влез во Втора лига за сезона 2026/2027.
Оваа сезона во секој региони се одвојуваат по неколку фаворити, а во следните кола ќе стане и појасна сликата доколку истите бодовно се одвојат од конкурентите и продолжат сами на патот кон баражот за Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет