
Продолжува жетвата на медали на Балканско таеквондо Првенство кое се одржува во Бугарија, а каде репрезентацијата на Македонија стигна до нови два бронзени медали.
Натпреварувачите Сара Тодорова и Павел Басаров од таеквондо клубот Штип се закитија со бронзени медали, со што продолжува штипската доминација, откако претходно бронзени медали освоија Душица Бреслиева и Мила Штериева.
Со одлична и макотрпна работа резултатите доаѓаат. За нашите млади натпреварувачи Балканското првенство е уште еден голем успех за нив и во иднина да имаат уште поголеми резултати.
Александар Ванев, М-Нет