Ново планско урбанизирање на место викано „Суитлак“ во Штип

На денешната седница на Советот на Штип е разгледувано предлог одлука на планско решение за урабнизирање на градот. Станува збор за планско решение со вкупен опфат од 21,59 хектари ии истото се наоѓа на место викано „Суитлак“. Велат дека со оваа планско решение се утврдуваат неколку наменски блокови и истото предвидува генерално план за спорт и рекреација, и домување во индивидуални станбени куќи.

„Денес е разгледување односно предлог одлука за утврдување на план за блоковите Иаи 02.01, Иаи 02.04. Оваа планско решение е предвидено соогласно програмата за финансирање на урбанистички планови за 2023 односно пренесено и во програмата за 2024година. И истото се финансира од страна на заинтересирани инвеститори. Станува збор за планско решение кое има вкупен опфат од 21,59 хекатри и се наоѓа во место викано „Суитлак“, со граничните улици.“ – вели Хаџи – Николов

Велат дека земјиштето е генерално не изградено, поголемиот дел е опфатен со паркот „Кртеке“, кој влегува во овој опфат. Новиот план опфаќа поголема површина, но во неа е планирана и сообраќајна површина.

„Истите се застапени на следниов начин, домување на станбени куќи има површина од 20.499 метри крвадратни, една површина е за изградба на црква со површина од 650 метри квадратни, една површина од аспект на инфраструктурата е од пренос на електична енергија е 78 метри, зеленило 964 и останатиот дел припаѓа на собраќајно решение со површина од 12 719 метри квадратни. “ – вели Хаџи – Николов

На денешната седница на општина Штип беа опфатени вкупно 26 точки.