Штип ќе добие вештачка карпа по пат на донација. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова истакна дека донацијата на градот Штип ја дава Ауто Македонија, а чини еден милион денари.
Би сакала да кажам дека се работи за изработка на проектна документација и изградба на вештачка карпа. Оваа Предлог одлука ја поднесува до Советот, поради поднесено барање од страна на Ауто Македонија за давање на донација
Новата вештачка карпа ќе биде поставена на пешачката и велосипедска патека кај реката Брегалница.
Оваа вештачка карпа ќе биде поставена по течението на река Брегалница или поточно во близина на паркот за миленици, фитнес паркот итн.
Инаку Штип има традиција за спортско качување, а пред шест дена МНЕТ информираше и дека токму во Штип се одржа и државен натревар. Клубот Астибо Климбинг има голем број на млади членови, кои сметаат дека овој модерен олмписки спорт е атрактивен и возбудлив.