Метеролошката станица се наоѓа зад училиштето во Општина Карбинци. Истата долго време е вон употреба, а сега во координација со центарот за Источно плански регион, Општина Карбинци ја враќа во функција за земјоделците. Склучен е договор со добавувач кој ќе се грижи за одржување на станицата, а со тоа ќе се помогне на земјоделците.

„Општина Карбинци во соработка со Источно плански регион склучивме нов договор кој ќе значи оспособување на хидро метеролошките станици кои во минатото беа поставени и на териториите во општините од Истокот. Она што е важно за земјоделците е дека веќе почнува со функционирање оваа метеролошка станица.“ – вели Паунов.
Со оглед на фактот дека општината егзистира пред се од земјоделство пуштањето во функција на оваа станица ќе биде од големо значење за самите земјоделци. Сите параметри ќе бидат достапни на земјоделците на елкторнска апликација која може да се симне на мобилните уреди. Градоначалникот Пуанов потенцираше дека е лесна за користење и може да ја следат сите земјоделци.

„По пат на електронската апликација која е достапна на мобилните уреди ќе може да ги следат сите параметри кои се нудат од оваа метеролошка станица, како што се врнежи од дожд, количество на наврнат дожд, ветрови, откривање на болести на потенцијални болести на земјоделските култури, ув индексот и многу други параметри кои се важни за земјоделците. Навистина направивме напори да биде оспособен овој уред за затоа што и те како е важно поготово за Општина Карбинци затоа што општината пред се егзистира од земјоделство.“ – додава Паунов.
Сумата која ќе се одвои од општината за метреолошката станица да биде функционална е скромна, на годишно ниво, па Паунов е дециден дека општината може да си дозволи за да и помогне на земјоделците.