
Летниот распуст за многу дечиња значи повеќе време со баба и дедо. Додека родителите се на работа, токму тие најчесто се грижат за внучињата. Но, не сите имаат можност летото да го поминат со своите најмили. Многу баби и дедовци велат дека денес наместо да ги чуваат внучињата, ги чуваат само спомените, бидејќи нивните деца и внуци живеат во Германија, Италија, Швајцарија и други земји. Ги прашавме граѓаните дали и ова лето ќе го поминат времето со своите внучиња.
Оние кои ги чуваат своите внучиња велат дека летниот распуст е најубав кога е исполнет со заеднички моменти и создавање спомени. Деновите ги поминуваат во игра, читање книги, подготвување јадења и прошетки на сладолед.
Без разлика дали летото го поминуваат заедно или разделени од километри, бабите и дедовците велат дека љубовта кон внучињата не познава граници. А токму летниот распуст останува период кога семејните врски најсилно се чувствуваат и се создаваат спомени што долго се паметат.
Иван Митев, М-Нет