
Ќе иммаат ли штипјани пари за летување оваа година? Децидни се штипјани дека и со помалку и со повеќе пари, со добра организација и „математика“ може да се најде начин за летен одмор. Велат дека и ова лето нема да се откажат од патувања, без разлика дали дестинацијата е поблиску или подалеку. Како што додаваат, најважно е желбата за одмор, а останатото се снаоѓа со малку планирање и волја.
„Ќе одам во Охрид. Ако штедиш, ќе имаш, ако не штедиш, нема да има.“
Иако имаат средства, дел од анкетираните граѓани велат дека не одат на класичен одмор, туку слободното време го поминуваат во својата викендичка во Лесковица, уживајќи во чистиот воздух и мирната природа.
„Имаме пари но не одиме на одмор. Викендичка своја во Лесковица доле, воздухот чист. Па не може да се иде на одмор без пари, мора да се поткова со пари, доволно зада помине добро.“
Децидни се штипјани дека и со малку и со ногу пари, доколку се снајдат и добро прерачунаат и ова лето ќесепатува и на далеку
Дајана Сандева, М-Нет