Ученик од албанска националност ќе повторува деветто одделние во Лозово, татко обвинува на дискриминација, училиштето демантира

Наместо да се запише во средно музичко училиште и да го следи својот сон, деветтоодделенец во Лозово ќе повторува деветто одделение, бидејќи според неговиот татко, дететот е од албанска националност и е жртва на верска, етничка и политичка дискриминација. Додека неговите врсници се подготвуваат за средно, тој останува дома во својата соба, затворен помегу четири ѕида, без желба да види некој. Таткото Елвир Азировиќ револтиран, обвинува дека со оваа одлука му е пресечен патот кон музичкото образование, што го посакувал и за кое имал талент. Азировиќ додава дека покрај неговиот син, годинава во истото училиште ќе повторуваат уште 4 други ученици, од кои четри се од заедниците, а само еден е македонец.

,,Изреволтирани сме од страна на ова училиште овде, од директорот, од поедини наставници, од поголемиот дел на раководството. Според мене тука се работи за голема верска, етничка, национална и политичка дискриминација. Моето дете е од албанската националност, повтарано е со само три единици во деветто одделние и други три деца, кои исто се од другите етнички заедници и само едно е повтарано од македонската националност, а замислете 90 деца учат тука, а од тие 90 само едно е повтарано од македонската националност и четири од другите националности и тоа најповеќе предметот македонски јазик, од една иста наставничка, што според мене таа едноставно не ги сака децата што не се од македонската националност. Детето ми го упорпастија, го затворија во четири ѕида. Имаше толкава желба да заврши деветто одделение и да се запише средно музичко, затоа што е музички талентиран и ништо друго не го интересираше, освен музика.“, вели Азировиќ

Таткото Азировиќ, вели дека лично отишол кај директорот во училиштето, за да разговараат за ситуацијата. Според средбата, тој заклуич дека проблемот е и политички, бидејќи дирекорот не добил поддршка од повеќето на локалните избори. Дополнително се прашува зошто наставничката по македонски јазик како пензионирана и понатаму продолжува да работи во училиштето.

,,Бев кај директорот, му поставив три прашања, викам директоре дојдов само да ми кажеме зошто го повтаравте моето дете и второт прашање беше колку деца учат, рече 90. Третото прашање викам кажете ми колку деца повтараа, рече вкупно пет. Викам од тие пет, четири се од малцинствата нели, од турската и албанската? Ми одговори зошто гледам на таа карта. Испаѓа дека нашите деца не знаат македонски јазик, а другите сите знаат. Mи вика додека вие мене ме поддржувавте и јас ве подржувавме, што сака да каже со тоа. На последните локални избори тој формира листа за советници, како носител на листа. По негово кажување, ние не сме го поддржале на таа советничка листа него и еве како реагира преку децата. Пензионирана е се уште ја држат. Зошто е тоа така. Како да нема млади наставници или само таа знае македонски и никој друг.“, додава Азировиќ

Директорот на училиштето, Горанче Велков, ги отфрла обвинувањата за етничка, верска и политичка дискриминација. Тој тврди дека одлуката ученикот да ја повторува годината е донесена врз основа на неговиот успех и документирани резултати во текот на наставата, а не поради каква било пристрасност

,,Ученикот е еден од учениците кои ќе ја повторува годината во деветто одделние, троја се од деветто. Не се согласувам со ставот на родителот во врска со тоа дека ученикот е со намерно повторување и дека самите наставници се однесувале субјективни во неговото отценување, бидејќи за тоа имаме докази и факти, односно аргументи, кои се водени во текот на годината, а тоа се пред се доказите од тестирањето од усните одговори и се она што ученикот е следен по предметите и по кои ќе има слаби оценки или пточно незадоволителни. Ученикот повторува со три единици и уште еднаш ќе потврдам не е еден, од учениците, туку има 5 за жал кои ваа година ке повторуваат. Ние со ова не се храбриме, туку и кај нас преовладува емоцијата и емпатијата, но сакаме на учениците да им помогнеме со тоа што сакаме да ги натераме да учат и да знаат. Станува збор за ученик кој има во континуитет слаб успех низ годините наназад и седмо и осмо одделние. Во деветто не преовладува она што му се сугерираше, дека треба да одоговара.“, вели Велков

Според директорот Горанче Велков, во училиштето се работи транспарентно. Како што кажа интересот кај младите да учат на ниво на држава е слаб, а според него тоа произлегува од модерните технологии и нивниот неинтерес за учење. Вели дека често низ годините отсенките на учениците дури се поклоновине и незаслужени. Се зависи од родителската грижа и посветеноста на ученикот тврди Велков. Целосно го демантираше случајот со наставничката по македонски јазик, рече дека станува збор за наставник кој во феруари требало да замине во пензија, но законот и дозволил да продолжи со работа и никако не станува збор за пензионар наставник.

Иван Митев, М-Нет