
Изминаа 10 кола во рамките на Првата Македонска Фудбалска лига во кои играчите на Брегалница заседнаа на четвртото место на табелата со 16 освоени бодови. Исто толку, односно 16 голови беа постигнати досега од кои 7 голови беа дело на шпицот Марјан Алтипармаковски со што ја оправда инвестиција вложена за потпишување на договор и облекување на синиот дрес на Брегалница. Многу од тие голови беа посебно атрактивни и пред се решавачки за освојување на драгоцени бодови за штипскиот прволигаш. Колку за потполна информација гол разликата на Брегалница азнесува 16:14. Инаку листата на голгетери ја предводи играчот на Академија Пандев од Струмица, Марјан Мирчевски кој досега постигна 10 голови а втор на ранг листата е играчот на тетовска Ренова Ремзи Селмани со 8 постигнати голови. По 6 голови во овие 10 кола имаат постигнато Љупчe Дориев од Шкендија и Ермедин Адем од екипата на Македонија ЃП.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk