
Со одигрување на натпреварите од првото коло започнаа одбојкарските возбудувања во машката Супер лига на Македонија. Во оваа сезона ќе се натпреваруваат 11 екипи а во првото коло штипските „студенти“ гостуваа во Тетово. Натпреварот Универзитет Тетово – Штип УГД заврши со резултат 3:0 или по сетови (25:8) ( 25:16) ( 25:21).
Еве ги комплетните резултати од ова прво одбојкарско коло :
- Универзитет Тетово – Штип УГД 3:0
- Вардар – Лирија 1:3
- Шкендија – Дибра Волеј 3: 0
- Јанта Волеј – Македонија Џио 3:0
- Борец – Весна Пробиштип 3:1
Слободна беше екипата на Струмица. Во следното второ коло тимот на Штип УГД ќе биде домакин на екипата на Вардар од Скопје а во третото коло ќе гостува повторно во Тетово овојпат на екипата на Шкендија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk