Лошо издание на македонските борачи на ЕП во Полска, од 6 борби доживеани 6 порази

Македонските борачи чевторица на број настапија и доживеаја 6 порази на Европското првенство што се одржува во Варшава. Полска. Во категорија до 61 кг. Владимир Егоров загуби од загуби од украинецот Џелеп кој пак со пласман во финалето му овозможи репасаж на нашиот репрезентативец. Во репасажот Еговор загуби од Гварзатилов од Азербејџан. Во кат. до 70 кг. Фати Вејсели загуби од унгарецот Антал, а во кат. до 79 кг. Дејан Митров загуби од русинот Гуалев, за да во репасажот загуби и од Авагјан од Ерменија. Четвртиот наш преставник Могамедгаџи Нуров во кат. до 97 кг. загуби од Одикадзе од Грузија и со тоа се заокружи лошото издание на македонските борачи на ЕП во Полска.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk

ува