
На 20.04.2021, полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Куманово затоа што во периодот од 17.00 до 19.00 часот во близина на пешачката патека во Штип се обидел да изврши обљуба врз малолетничка од Штип, која ја запознал преку социјалната мрежа Фејсбук. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.