Ќе се плаќа ли поскап данок на имот наредната година?

Во рамки на 34 седница на Собранието, усвоен е Предлог законот за измени и дополнувања на законот за даноци на имот. Според предложениот текст на Законот се пропишува одредба со која недвижниот имот кој не се користи од страна на сопственикот или не се издава подлго од шест месеци во текот на една година, а е во сопственост на државата, општините, правни или физички лица да се зголеми за три пати повеќе во однос на стапките пропишани со Законот. Доколку пак сопственик има имот кој не го кориси, а истиот не го пријави ќе плати пет пати повеќе. Дали навистна данокот на имот ќе биде зголемен и по која цена граѓаните на Штип ќе го подмируваат истот, одговор побаравме од Александар Кангалов, раководител на секторот за финансии во Штип. Тој посочи дека засега стапката е иста, промени во законот сеуште нема, а ако се донесат ќе се применуваат од наредната 2022 година.

„Во овој момент што се однесува на Законот за данок на имот или законот кој е во постапка можеме да кажеме дека сеуште е во постапка во нашиот Парламент, но она што се однесува за Општина Штип, па и за останатите општини е важечкиот Закон за данок на имот каде што ние немаме никакви измени. Практично во овој момент, во Штип стапката на данок на имот изнесува 0.1% од проценетата вредност, или со даночното намалување од 50% граѓаните во имотот во којшто живеат плаќаат 0.,05%“ – истакна Александар Кангалов, раководител на секотор за финансии.

Лицата кои имаат имот и живеат во него плаќаат 0,05% од проценетата стапка на имотот, а имотот на кој не се живее и користи се наплаќа данок од 0.1% од проценетата вредност на тој имот.

Лаура Стојанова М-Нет