
Утре ќе започне новата сезона во Првата женска фудбалска лига, а како што веќе информираше телевизија М Нет во новата сезона наместо десет екипи ќе се натпреваруваат девет екипи, една помалку, откако Шкендија од Тетово поради финансиски проблеми се откажа од натпреварување, па така во рамки на првото коло екипата на Топ Гол ќе биде слободна бидејќи требаше да игра со Шкендија.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од првото коло од фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција.
Димитар Левески од Охрид ќе го суди дербито на колото во Струга меѓу Ас Јунајтед и Тиверија Брера, Александар Мартиновски од Охрид ќе биде главен судија во Битола каде ќе играат повратникот Атлетико и шампионот Љуботен.
Вјолца Изеири од Гостивар ќе ја дели правдата на мечот меѓу Скопје и Истатов, додека пак Јордан Јовановски од Гевгелија ќе им суди на Каменица Саса и Речица.
Сите натпревари ќе започнат во 17 часот, освен мечот во Македонска Каменица кој ќе започне во 16:30 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1. КОЛО ПЖФЛ 2024/2025
Ас Јунајтед – Тиверија Брера, Димитар Левески (Охрид)
Атлетико – Љуботен, Александар Мартиновски (Охрид)
Скопје – Истатов, Вјолца Изеири (Гостивар)
Шкендија – Топ Гол, / (не се игра)
Каменица Саса – Речица, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Александар Ванев, М-Нет