Какви се целите и плановите на РК Астибо за новата сезона во женската Суперлига?

Штипски Астибо за новата сезона во ракометната Суперлига има високи цели, клубот работи чекор по чекор кон обезбедување на „виза“ за излез во Европа.

Клубот стратегијата која ја гради за долги патеки, како што е излезот во Европа како еден предизвик, се посветува и на младинските категории со цел во иднина да има свои ракометарки.

Според новиот систем на натпреварување во новата сезона ќе има 15 екипи поделени во три групи по пет екипи, најдобри две од секоја група ќе обезбедат место во плеј-офот, каде ќе разигруваат за титула и излез во Европа, останатите ќе играат во плеј-аут.

Астибо е во група А со Стружанка, Чаир, Скопје и Ѓорче Петров 2 новопријавената екипа. Чаир е прв фаворит во групата, а Астибо ќе цели кон второто место и обезбедување на плеј-оф.

Новата сезона во женската ракометна Суперлига започнува на 7. септември, а Астибо истата ја отвара на гостински терен против Скопје.

Александар Ванев, М-Нет