
Денес во просториите на ФФМ беа излечени двојките за 1/16-финалето од Купот на Македонија за новата сезона 2024/2025,
Ждрепката посака шампионот во Првата лига екипата на Струга Трим Лум да се соочи со Слога Виница, додека пак ШКендија ќе се соочи со битолската екипа Јени Маале кој игра во Четврта лига.
Новаци ќе ги игра против најтрофејниот Вардар, Победа со Гостивар, третолигашот Џепчиште со Шкупи, второлигашки двојки на Кожуф и Арсими, Вардар Неготино против Брера Струмица, Беласица со Македонија ЃП, Башкими со Воска Спорт, Охрид со Беса, Шкендија Арачиново ќе игра со Работнички, третолигашот Карбинци на мегдан со Силекс, Борец против Детонит Плачковица, Скопје со Пелистер.
Брегалница против ФК Слободен, а пак Тиквеш како освојувач на Купот обезбеди директен пласман во 1/8-финале од Купот.
Натпреварите од 1/16-финале се играат на 18. септември со почеток од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет