Потребни се 27 000 евра за лекување на 28 годишната Анѓела, мајка на две малолетни деца

28 годишната Анѓела од Скопје бара помош за лекување во Истанбул, Турција. Таа е самохрана мајка на две малолетни деца и подолг времеснки период се соочува со сколиоза. Како што вели таа неколку години е ставена на листата на чекање, но се уште не е повикана. Таа изминатиот период се соочува со повеќе потешкотии бидејќи сколиозата е во напредна фаза со 83% искривување и болките постојано се зголемуваат. Таа барала мислење и надвор од нашата држава од каде добила одговор дека треба итно да замине на операција. Од тој момент уште поголема надеж се јавува за подобар живот за неа и нејзините две малолетни деца. Голема прогноза за подобрување на нејзината здравствена состојба и пружил професор во болница во Истанбул. За нејзиното лекување потребни се 27000 евра. Таа не е финансиски стабилна за да ја обезбеди сумата на пари и затоа ги замолува сите граѓани кои колку се во можност да донираат и да и помогнат во ова тешка ситуација.

А1 143 999

Македонски Телеком 143 140

Стопанска Банка АД-Скопје

200002845255014

Лаура Стојанова, М-Нет