
Приватни инветирори започнаа со изведба на градежни активности во населба Автокоманда во Општина Штип. Непознато е кој гради, кој инвестира, што ќе се гради регираат граѓаните кои живеат во тој дел од градот. Дали има дозвола за градба и што ќе се изгради на просторот спорти детската градинка во Автокоманда прашуваат граѓаните.
Имено, за изградба на објект општината треба да даде дозвола за градба, па прашавме дали е издадена истата и дали интезивното изведување на градежни работи во овој дел од градот е законски.
„За предметната локација од страна на Општина Штип се издадени две одбренија за градење кои се издадени на приватни инвеститори. Истите одобренија се издадени за изградба на објкети кои се со намена Б1 мали комерцијални деловни намени и површината за грдба односно самата катност за која се изадени е приземје плус кат.“ – истакна Хаџи Николов.
Согласно Законот потребно е да има истакнато табла кој гради, меѓутоа на оваа локација нема, па одовде се појауваат и сомнежите кај граѓаните.
„Согласно Законот за градба предвидено е на секое градилиште да има истакнато табла, на која табла ќе биде назначен инвеститорот на објектот, изведувачот. Исто така ќе биде назначенм бројот и датумот на одобрението за градење и врз основа на ова јавноста односно граѓаните би можеле да се информаираат за самата градба која се гради на самото место. Инаку, овие објекти се градат врз основа на одобрение за градење кои се издадени врз основа на детален урбанистички план за Автокоманда УЕ31 кој е донесен со одлука на совет во февруари 2020 година“ – додаде Николов.
На посочената локација се отстранети и неколку дрва за да започне изградбата на објектот, за што комуналниот инспектор при Општина Штип, Борче Везенков истакна дека приватните лица имаат добиено соодветна дозвола од страна на општината.
Лаура Стојанова М-Нет