Бочварски: Во финална фаза е изградбата на социјалната зграда во Кочани

Во финална фаза е изграбата на социјалните станови во Кочани, каде по завршување 34 семејства од ранливи категории ќе добијат кров над глава и топол дом. Во Виница, Свети Николе и Пробиштип објектите се веќе завршени, посочи од Штип, министерот за транспорт иврски Благој Бочвраски.

„Во Кочани оваа зграда е во финална фаза од изградабата, во останатите останатите три града каде веќе имаме изработено социјални станбени згради, Виница, Свет Николе и Пробиштип објектите се веќе завршени и комисијата за распределба во текот на наредниот период ќе започне со распределба на овие три социјални станбени згради“

Бочварски ги повика граѓаните да аплицираат за да можат да добијат социјален стан.

„Би сакал еве да ја искористам приликата да ги повикам граѓаните на кои тоа им е потребно да ги следат повиците иако и во наредниот период ќе имаме и теренски посети таму за да објавиме, за да ги повикаме граѓаните, да ги информираме и секако преку нашите веб страниици и страни на информирање имаме јавен оглас на кој ќе ги повикаме сите граѓани да аплицираат за социјален стан. Доколку ги исполнуваат условите преку електронскиот систем и софтвер кој го имаме ќе бидат распределени за оние граѓани на кои им е најпотребно“ – додава Бочварски.

Социјалната зграда во Општина Кочани започна да се гради кон средината на минатата година, а за нејзино завршувње беа предвидени 18 месеци и издвоени 60 милиони денари.

Лаура Стојанова М-Нет