
Со заминувањето на Јован Манев од штипска Брегалница во Турција, клубот го направи најголемиот трансфер до сега во историјата. Колку пари се обезбдени сѐ уште не е дефинирано, бидејќи Манев треба да се докажува, информираа од клубот. Од овде се поставува прашањето дали парите од продажбата на Манев се само за фудбалскиот клуб или процент добива и општината како малцински акционер. Од општина Штип истакнаа дека општината нема врска со доаѓањето или заминувањето на фудбалери од клубот , што значи не добиваат пари од клубот.
„Согласно договоорт за регулирање на меѓусебните односи меѓу акционерите во друштвото за спортски дејности ФК Брегалница 2008 кој е склучен во 2019 година, Општина Штип како малцински акционер е согласен и должен да не се меша во дејноста за фудбал, во изборот на играчи и тренери и на мнозинскиот акцинер му го признава исклучиво правото на тоа. Што значи Општина Штип не остварува приходи по основ на продажба на фудбалери.“ – кажа Василева.
Но, од друга страна општината ги покрива одржувањето на градскиот стадион во Штип, косењето трева и собирањето смет. Новитет е само што од неодамна е договорено фудбалскиот клуб сам да ги подмирува сметките за електрична енергија.
„Општина Штип учествува во тековното одржување на градскиот стадион и стадионите во месноста Суитлак и Бело брдо во Штип. Но, за таа сметка контролата на овие трошоци ја врши Општина Штип преку свој претсатвник во управниот одбор во клубот.“ – додава Василева.
21 годишниот Јован Манев од ФК брегалница замина во турскиот суперлигаш Адана, а за ваквиот трансфер штипска Брегалница е исклучително горда.
Лаура Стојанова М-Нет