Кошаркарките на Баскет Кам од Македонска Каменица утре ја започнуваат мисијата за одбрана на титулата!

Екипата на Баскет Кам утре ја отвара новата сезона во Првата женска кошаркарска лига, екипата од Македонска Каменица има една цел во новата сезона – одбрана на титулата.

Кошаркарките од малото рударско гратче сезоната ја отвара против МЗТ Бела Вода, меч кој се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, а почетокот на мечот е закажан за во 18:30 часот.

Вчера, беа одиграни три натпревари, а на истите, тимот на Пробаскет загуби на домашен терен од 83:87 од екипат на Бадел, а пак Вардар беше пресилен за Спорт Тим со 94:50.

Екипата на Крива Паланка однесе убедлива победа откако го декласираше Патриот од Делчево со 103:44.

Александар Ванев, М-Нет