Кочани домаќин на пензионерските спортски игри, преставници имаше од Куманово, Кавадарци и Прилеп

Кочани денеска беше домаќин на пензионерските спортски игри. Преставници од Куманово, Кавадарци и Прилеп со најдобри резултати од регионалните игри денеска се натпреваруваа во неколку спортови на градскиот стадион „Никола Мантов“. Претседателката на здружение на пензионери Кочани, Јелица Зафирова, посочи дека на ваков начин се потврдуваат резултати постигнати на регионалните спортски игри, но се подготвуваат и за републичкиот натпревар закажан за 10 септември.

„Како секоја година така и оваа четворомечот се одржува кај нас во Кочани, тоа ротира секоја година во различни градови. Ние сме побратимени со Куманово, Прилеп, Кавадарци и ние. Присустуваат спортисти пензионери од сите четири града и се надевам дека ќе биде успешен, ќе се дружат пензионерите и убаво ќе си поминеме.“ – вели Зафирова.

Над десетина преставници имаше и од Кавадарци. Подготвени да ги покажат своите способности на кочанскиот градски стадион, беа дел од четворомечот меѓу овие збратимени општини.

„Учествувам во дисциплината шах. Дојдени сме со десетина спортисти кои на регионалните игри освоија прво место. Договорено е со организаторите, четири општини, да направиме едно дружење, како тренонг натпревар, пред републичкиот натпревар кој ќе биде на 10 септември“ – вели Борислав.

Освен натпреварување ваквите игри носат со себе многу позитивни придобивки за пензионерите. Пред се станува збор за дружба, забава, и натпревар.

„Посебно задоволство,од сите пензионери, ова не радува често да се излезе од оние четири ѕида, да дојдат овде, да се натпреваруваат, да се смеат. Овакви настани треба секаде и често да се организираат“ – вели Бошков.

Пензонерите се натпреварува во брзо трчање, шах, фудбал и слично.

Лаура Стојанова М-Нет